Свет
5. January 2021 - 14:10

Невработеноста во Германија се зголеми за прв пат од 2013 година

Пандемијата на коронавирусот предизвика зголемување на невработеноста во Германија, првпат од 2013 година.

Минатата година, во просек, бројот на невработени се зголеми за 429.000, достигнувајќи 2,7 милиони луѓе, соопшти Федералната агенција за труд (БА).

– Растот на бројот на невработени од пролетта се уште се чувствува, изјави шефот на БА, Детлеф Шеле.

Тој посочи дека последиците од пандемијата на Ковид-19 и преземените мерки се уште се многу видливи.

– Стабилизирачкиот ефект на скратеното работно време обезбеди работни места и спречи уште поголема невработеност, објасни Шеле.