Свет
8. December 2016 - 11:26

Невработеноста во Чешка се намали на 4,9 проценти

Во евиденцијата на чешкото Биро за вработување минатиот месец се евидентирани 362.755 лица кои бараат работа, што е најмалку од декември 2008 година, јави дописникот на МИА од Прага. 

Според најновите податоци на Заводот за статистика, работодавачите пак, понудиле 135.300 работни места највеќе од ноември 2007 година. 

Аналитичарите, коментираат дека врз невработеноста од 4,9 проценти позитивно влијание има ставот на чешката економија и одговара на периодот од годината, кога се уште постои сезонската работа.

Минатата година, стапката на невработеност во Чешка изнесуваше 5,9 проценти, а без работа беа за 68.609 повеќе луѓе отколку сега.