Loading Video...
Фудбал
6. March 2019 - 15:49

„Невозможна мисија“ за Манчестер Ј. против ПСЖ, Рома кај Порто брани 2:1 од првата средба

Кои две екипи ќе им се приклучат на Ајакс и Тотенхем во четвртфиналето ќе дознаеме вечера. 
 
На „Паркот на Принцовите“ англискиот претставник Манчестер Јунајтед ќе има невозможна мисија во дуелот против ПСЖ. Не само поради негативата од 0:2 од првата средба на „Олд Трафорд“ туку пред се поради проблемите со повредените. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Солскјеј не ќе може да смета на дури шестмина стандардни првотимци, односно поради повреди ќе ги нема Марсијал, Лингард, Мата, Ерера и Санчез, а суспендиран е Погба кој заработи црвен картон на првиот меч. 
 
Затоа норвешкиот стратег принудно во тимот повика дури петмина играчи од академијата на Јунајтед. 
 
Многу поинтересно се очекува да биде на стадионот „Драгао“ каде Порто пред своите симпатизери ќе се обиде да ја надополни негативата од 2:1 во дуелот со Рома по првиот меч во Италија. 
 
Двата натпревари започнуваат во терминот од 21 часот