Невообичаено топлото време катастрофално за пчеларството
Високите температури, невообичаени за овој период од годината, негативно влијаат врз земјоделството. Површинскиот слој на почвата нема доволно влага, сеидбата е отежната, а слабо е и поникнувањето.
Агрометеорлозите велат дека топлото време кое во одредени региони достигнуваше 27 – 28 степени, е посебно лошо, дури и катастрофално за пчелите.
– Околу 75 – 90 литри на метар квадратен е дефицитот на влага во почвата поради невообичаено високите температури. Во септември и октомври просечно врнат по 80 до 105 литри на метар квадратен, а оваа година во Скопје наврнаа најмногу 16 литри, во Битола четири, а во Штип еден литар. Отстапувањата се големи. Влага во подлабоките слоеви на почвата има, но не и во површинските, а баш тука е потребна, истакнува агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.
Според него, онаму каде што беа заорани стрништата има услови да влезе потешка механизација за сеидба, но тоа не е можно на површините каде не е заорано.
-На повеќето површини стрништата не се заорани поради што ваквите услови, топло време, високи температури, не се поволни за есенската сеидба. Дополнителен проблем направија натпросечните 27 – 28 степени кои допонително го дехидрираа површинскиот слој. Долгото задржување на семенскиот материјал во почвата, непоникнат и неизртен, е цел на инсекти, птици и животинки кои може да го соберат, нагласува Ангелески.
Она што е посеано во септември (маслодајна репка), слабо поникнува. Есенскиот јачмен исто, или тешко или воопшто, а оптималните рокови за сеидба, дополнува агрометеорлогот, поминаа.
Роковите за сеидба на пченицата се уште течат. Препорака е земјоделците да влезат со механизација каде што можат, независно колку е почвата сушна.
-Добро е ако можат, да вршат седиба зашто кога ќе се начекаат првите есенски дождови, ако е посеано, може ќе има доволно влага за поникнување, објаснува Ангелески.
Сушните услови се проблем и за овошките кои во периодот август – септември формираат родни папки. Онаму каде што не се наводнувало, се очекуваат пониски приноси догодина.
-Високите температури се катастрофа за пчеларството. Замре вегатацијата, многу малку собираат полен, а без тоа не можат да се размножуваат. Проблем ќе биде и презимувањето. Очекуваме големи загуби на пчелни семејства, особено ако зимата биде просечна. Но, и потопла да биде не е гаранција дека ќе опстанат, вели Ангелески.
Инцидентно процветување кај некои од овошките е забележано, главно долж Повардарието, а тоа значи изгубен род.
Топлото време единствено поволно се одрази врз лозартсвото, зашто овозможи да се влезе во насадите и да се дособере преостанатиот род.
Кај градинарството, пак, посебно влијание не се очекува зашто површините претежно се наводнуваат.
УХМР од денеска најавува заладување со пад на температурите за седум до осум степени. Но, и оваа вредност, како што напоменуваат агрометеоролозите, е висока, невообиачена за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Автомобил „форд“ излетал од патот Ресен - Битола, тешко повреден 68 годишен битолчанец
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје