Живот
1. October 2015 - 14:14

Неверојатно чудо пред 18 години - Оваа прегратка засекогаш ја промени медицината!

Медицинската сестра ги стави близначките во ист инкубатор за да се збогуваат и тогаш се случи чудо.
 
Настанот се случи на 17-ти октомври 1997 година, кога Хајди Џексон била итно пренесена во операционата сала иако била шести месец бремена. Бидејќи биле прерано родени, близначките биле ставени во инкубатор, па додека Кери почнала да добива на тежина, нејзината сестра Бриел станувала послаба. Здравствената состојба на Бриел се влошила на 12 ноември, па медицинската сестра Гејл Каспариан, решила да ги прекрши правилата на болницата и ги ставила во ист инкубатор.
 
Тоа што се случи подоцна се третира како медицинско чудо, па феноменот „прегратката на спасот“ ги натера докторите прерано родените близнаци, да ги ставаат заедно во ист кревет.