Македонија
21. February 2017 - 16:34

Нетпрес: Вице Заев и Оливер Спасовски осомничени за изборен криминал

Братот на лидерот на СДСМ и поранешниот технички министер за внатрешни работи и генерален секретар на Бихаќка се на листата осомничени во истрагата на обвинителството за организиран криминал поврзана со изборни измами, јавува Нептрес повикувајќи се на извори во Обвинителството.

Според информациите, осомничените давале пари, условувале вработувања и делелe тендери за да се финансира партиската кампања за време на претседателските и парламентарните избори во 2014 година.

Обвинителството откри дека истрагата е фокусирана на Струмица, Куманово и Скопје и дека во криминалот се вмешани поранешни функционери во МВР како и лица и фирми од овие градови

Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Уште во март минатата година обвинтиелите влегоа во општина Струмица каде ги запленија службените компјутери и повикаа на распит десетина лица.

Веднаш по завршувањето на декемвриските избори, полициска акција по наредба на обвинителството беше спроведена и во Куманово кога беше извршен претрес во домот на тогашниот началник на кумановската полиција, поставен од Оливер Спасовски.