Бизнис
23. јуни 2017 - 10:08

Нето платата во април 22.672 денари

Нето платата во април годинава забележа зголемување од 1,4 отсто и изнесуваше 22.672 денари, додека бруто платата имаше раст од 1,5 проценти и изнесуваше 33.296 денари.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата е резултат пред се на зголемувањето во секторите: Информации и комуникации, 22,4 отсто, Рударство и вадење камен, 14,7 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 6,1 процент, додека зголемувањето на бруто платата е резултат на растот во Информации и комуникации, 19,7 отсто, Рударство и вадење на камен, 12,8 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 5,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации за 14,4 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 4 и Градежништво, 3,9 проценти, а на исплaтена бруто-плата во секторите: Информации и комуникации за 11,8 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 3,9 и Градежништво, 3,5.

Во април 2017 година, 0,9 од вработените во Република Македонија не земале плата.