Нетанјаху: Израел во април ќе го укине сите епидемиолошки мерки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е оптимист дека во април ќе се укинат сите мерки против коронавирусот и дека земјата ќе се врати во нормала.
Наведувајќи дека повеќе од милион луѓе постари од 16 години во неговата земја не се вакцинирани против коронавирус, Нетанјаху кажа дека луѓето ширум светот чекаат вакцини, меѓутоа, во Израел, вакцините ги чекаат луѓето.
-Ние мора да го смениме тоа, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер ги потврди извештаите дека неговата земја испраќа вакцини во други земји, но додаде дека на тој начин не се доведува во прашање вакцинацијата на кој било израелски државјанин.
Тој објасни дека нивната цел е до крајот на март да ја завршат вакцинацијата на сите лица постари од 16 години и дека планираат до април земјата да ја вратат во нормала.
Локалните медиуми веќе јавија дека администрацијата во Тел Авив планира да испрати вакцини против Ковид-19 во повеќе од 15 земји, вклучувајќи ги Палестина, Италија, Чешка и Унгарија.
Според Министерството за здравство, првата доза од вакцината во Израел, земја со приближно 9,3 милиони жители, ја примиле 4.537.244 лица, а втората доза 3.146.509 лица.
Израелскиот Кнесет (парламент) вчера донесе закон, според кој евиденцијата на вакцинираните лица во земјата ќе биде достапна за секого.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација