Свет
21. March 2018 - 18:18

Нетанјаху: Израел ќе ги спречи непријателите да развијат нуклеарно оружје

 Израел е цврсто решен во својот став да не им дозволи на непријателите да развијат нуклеарно оружје, порача денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пораката на Нетанјаху доаѓа само неколку часа откако Израел јавно призна дека во 2007 година извршил воздушен напад врз нуклеарен реактор во Сирија. 

- Израелската позиција беше и останува непроменета: да ги спречиме нашите непријатели да се вооружат со нуклеарно оружје, напиша Нетанјаху на Твитер.

Тој нагласи дека израелската Влада и Армија и разузнавачката служба Мосад имаат целосна заслуга за тоа што ја спрчиле Сирија да развие нуклеарен капацитет.