Свет
21. September 2015 - 18:50

Нетанјаху: Израел и Русија ќе ги координираат воените дејствија во Сирија

Израел и Русија ќе ги координираат воените дејствија во Сирија, со цел да избегнат инцидентна размена на оган, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

- Целта е да се спречи недоразбирање меѓу Израелските сили за одбрана и руските сили, изјави Нетанјаху, додавајќи дека Путин се согласил да бидат договорени механизми за спречување на такви недоразбирања.