Нетанјаху ги осуди налозите за апсење на МКС за воени злосторства
Американскиот претседател Џо Бајден остро ги осуди налозите за апсење издадени за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана за наводни воени злосторства поврзани со конфликтот во Појасот Газа.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера ги издаде налозите за апсење, кои беа одобрени од предистражниот совет во Хаг, по барањата поднесени од главниот обвинител Карим Кан во мај.
Бајден, во изјавата објавена доцна синоќа, го нарече потегот „шокантен“.
– Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, нема еквивалентност – ниту една – меѓу Израел и Хамас, рече Бајден.
– Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите за неговата безбедност, нагласи американскиот претседател.
МКС вчера соопшти дека има основа да се верува дека Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант „намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од предмети неопходни за нивниот опстанок, вклучувајќи храна, вода и лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“.
Налог за апсење беше издаден и за воениот началник на Хамас, Мохамед Деиф, за кој се верува дека го организирал терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200, а киднапирани 250 луѓе.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР