Фудбал
18. April 2017 - 11:10

Несторовски на својот профил ги бранеше соиграчите

Фановите на Палермо не се среќни со игрите на својот тим кој сигурно наредната сезона ќе игра во Серија Б и затоа ги нападнаа фудбалерите. 

Во одбрана на своите соиграчи се јави  нашиот интернационалец Илија Несторовски како лидер на тимот и тоа со објава на својот профил на социјалните мрежи:
– Фудбалот е само игра, некогаш се случуваат добри моменти, некогаш лоши како што е сега во моментов, но само заедно можеме да излеземе од оваа криза како победници, никогаш не знаеме во животот ова лошо за какво добро може да биде. Фала ви на сите за поддршката, ние секогаш даваме максимум за овие бои, за овој клуб“, – напиша  Несторовски.