Фудбал
9. April 2019 - 10:43

Несторовски донесе победа на Палермо против Верона

Илија Несторовски го постигна единствениот гол во 1:0 победата на Палермо над Верона во меч од 32. коло во Серија Б, во директна пресметка на два тима кои се борат за место во италијанската елита.

По тесното прво полувреме на „Ренцо Барбера“, Несторовски имаше совршено отварање на второто полувреме, кога на асистенција на Стефано Морео одлично реагираше за да ја смести топката во голот на гостите.

Со победата, Палермо се на третото место во Серија Б со 53 поени, еден помалку од второпласираниот Лече (54) и четири зад лидерот Бреша (57). Верона се петти со 48 поени.