Loading Video...
Фудбал
28. February 2021 - 18:18
Нестороски му донесе победа на Удинезе против Фиорентина
Македонскиот репрезентативец Илија Нестороски е јунакот на Удинезе во мечот против Фиорентина која црно-белите го добија со 1:0, а токму Нестороски беше стрелец на победничкиот гол.
Горан Пандев пак ги одигра завршните 30-тина минути за Џенова која на гостувањето во Милано кај неговиот поранешен тим Интер загуби со 3:0.
По овие натпревари што беа во рамките од 20.коло на Серија А, Удинезе на Нестороски се проби на 12.место на табелата со 28 бодови, два повеќе од Џенова на Пандев која е тринаесетта.
Лидерот на табелата Интер сега имаа 56 бодови, што е 7 повеќе од второ пласираниот Милан кој вечерва го очекува тешко гостување кај Рома.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->