Македонија
12. јуни 2018 - 10:25

Несреќа во Штип - автобус удри пешак

Тешка сообраќајка се случила во Штип, автобус удри 74-годишен маж. Како што информираат од МВР,  околу 13.10 часот на улица „Лески“ во Штип автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од В.С.(52) од Штип, удрил во пешакот С.А.(74) од Штип. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14.50 часот починала.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип