Македонија
20. September 2018 - 10:52

Несреќа во кумановско: Пежо удри во мотоцикл - повредено едно лице

Сообраќајна несреќа се случила вчера  во кумановско, повредено е едно лице.

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 15.30 часот во с.Лопате, кумановско, на место викано „Турски гробишта“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(42) од с.Лопате и мотоцикл непозната марка, управуван од И. М.(28) од с.Лопате.

 Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој со друго возило бил пренесен во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.