Македонија
24. January 2019 - 15:19

Несреќа на работното место - младо момче од Гостивар тешко повредено

Младо момче за време на својата работна должност се здобил со тешки повреди на денсната рака.

- Вчера ( 23 јануари ) околу 11 часот и 30 минути, во Полициската станица Гостивар пријавено е дека во фабрика лоцирана на улица „Илинденска“ во Гостивар, работејќи на машина(циркулар) се повредил 24-годишниот Е.Е.од Гостивар Тој се здобил со тешки телесни повреди на десната рака и е пренесен во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување, стои во соопштението на МВР.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.