Свет
25. August 2019 - 18:26

Несреќа на Мајорка: Во судар на авион и хеликоптер загинаа 7 лица, меѓу нив две се деца

Седум луѓе загинаа при судар на хеликоптер и мал авион на шпанскиот остров Мајорка, а меѓу нив двајца биле малолетници.

Регионалната влада на Балеарските острови, на кои припаѓа и Мајорка, објави дека несреќата се случила во 13.35 часот по локално време.

Ма самото место се наоѓаат итните служби, а според пишувањето на локалните медиуми авионот паднал врз земјоделско земјиште.