Македонија
17. May 2019 - 11:50

Несреќа кај Охрид: Изгубила контрола и се удрила во дрво - жена итно пренесена во болница

Автомобил со охридски регистерски таблички се заби во дрво на магистралниот пат Охрид - Кичево, едно лице повредено. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.