Непрегледни колони на мигранти - Голема гужва на границата пред спуштање на рампата
Рекорден број мигранти (5809) влегле вчера во Унгарија, соопшти унгарската полиција еден ден пред датумот 15 септември, кога Унгарија планира да ја запре границата со Србија.
Непрегледни колони на мигранти брзаат кон унгарската граница за да влезат на територијата на Европската унија пред полноќ, за кога Унгарија најавува спуштање на рампата и ригорозна контрола на бегалците.
Од полноќ до осум часот изутрината во Унгарија влегле уште 3.280 мигранти, додека во текот на вчерашниот ден унгарската грница илегално ја минале рекордни 5.809 бегалци, јавува РТС.
Поради се поголемиот прилив на бегалци, Унгарија се подготвува за новите правила и новите рамки кои од утре би требало да го спречат илегалниот влез на мигрантите во таа земја. Капијата на пругата Белград- Будимпешта ќе биде затворена на полноќ.
Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач изјави дека неуспехот на Европската унија да ја зајакне заштитата на своите граници би можел да ја загрози слободата на нејзините граѓани и поради тоа контролата на границите мора да биде зајакната за да се помогне во разликувањето на бегалците од економските емигранти.
Ковач рече дека веќе е јасно дека Шенгенскиот систем не може да биде заштитен од внатре и дека периферните земји треба да ја добијат сета помош за заштита на границите на ЕУ.
Според него, заштитата на границите е вистински начин на солидарноста а не безмислениот и неприменлив систем на бегалци квоти предложен од Европската комисија.
Ковач рече дека е тешко да се предвиди што ќе се случи кога ќе стапат во сила строгите мерки на контрола на унгарската граница, додавајќи дека е извесно дека ќе дојде до притисок и тензија поради тоа, но и дека бегалската криза единствено може да биде контролирана со воспоставување ред.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода