Македонија
24. November 2022 - 17:36

Неопходна грижа за македонскиот јазик како темел на идентитетот

Македонскиот јазик  е наш идентитет, темел врз кој се развиваат патриотските чувства кај младите, и затоа треба да се промовира и негува.  Особено треба да се работи со младата генерација која е под силно влијание на англискиот, апелираат лингвистите.

- Може многу да се стори, но за да се стори треба да изградиме вистинско патриотско чувство кај нашите деца – да не го потценуваат својот мајчин македонски јазик, туку да се грижат за него во секој поглед. Тоа значи да го зборуваат секаде каде што треба да се зборува, а не англиски или друг јазик. За тоа треба да придонесе образованието, но и родителите односно семејството, рече Лаброска.

Богатството на македонскиот јазик  се и дијалектите, а тие исто така под туги влијанија, полека изумираат, оценуваат експерите.

МАНУ денеска промовираше научен труд „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“ на кој работеше македонско-полски тим.  Обработениот материјал е собран од родени говорители на македонскиот јазик.

Во изданието е нагласено дека современиот македонски јазик во однос на фонетиката е единствен и уникатен во целиот словенски јазичен свет, истакна Лаброска, која беше дел од автрпскиот тим.