Необична појава забележана со камера на небото над Лапонија
Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц Обзервер", деновиве бил сведок на необична појава во Лапонија, позната уште како „татковината на Дедо Мраз“.
Сталесен со свои пријатели бил на излет на северот на Финска, кога пред нив небото „експлодирало".
- Возевме по темница и видливоста пред нас беше слаба. Едвај доволно за возење. Небото одеднаш почна да менува бои - црвена, сина, и одеднаш - бум! Огромна огнена топка го осветли целиот предел. Никогаш не сум видел ништо слично, раскажа Сталесен.
Откако дошол дома, тој дознал дека над норвешкиот град Тромзо и во областа Финмарк се забележани повеќе такви светлечки топки. Очевидци од други реони пак, чуле силни експлозии, проследени со јака светлина.
Физичарот од Универзитетот во Осло и експерт за Вселената, смета дека најверојатно се работи за метеор.
Ново на Сител
-
Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври
-
Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија
-
Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери, тема на седницата на Извршниот одбор
-
Приведен кадец во Струмица
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа