Живот
17. January 2017 - 23:15

Ненаситна: Како Естер од мало прасе стана атракција од 300 кила


Стив и неговиот партнер Дерек Валтер од Онтарио во Канада морале поради својот љубимец на кој му дале име Естер да купат нова куќа.

-Никој не ми кажа дека кога ќе порасне ќе биде олкава свиња, немоќно ги крева рамењата Стив Џенкинс, еден од несреќниците кој пред 2 години доби на подарок микро прасе, кое во меѓувреме порасна во свиња тешка 300 килограми.

Foto Printscreen

Покрај тоа Естер е и голема ѕвезда на Фејсбук каде има преку милион фанови. Издржувањето на вака големиот љубимец освен што донесува многу проблеми врзани со хигиената, остави и прилично голема дупка во домашниот буџет.

Годишно Естер јаде храна, главно овошје и зеленчук во вредност од дури 1.800 долари. Стив и Дерек освен Естер имаат уште две кучиња и мачка.

Foto Printscreen

-Веќе подолго врем Дерек и јас живееме негирајќи ја реалноста дека Естер е огромна. Пријателите кога ќе ни дојдат велат дека е се поголема и поголема. Но кога почна да зема храна од масата во кујната и кога каучот стана мал сфативме што се случува. Ние ја посвоивме и не можеме да се откажеме од неа, вели Стив.

Дерек и Стив развиле бизнис продавајќи календари, разгледници и шољи од својот љубимец. Фановите на Естер преку Фејсбук може да ги следат нејзините дневни активности од спиење до хранење.