Македонија
22. September 2021 - 16:47

Нема закажани нови седници на Собранието - комисиите се со многу потешкотии

Мали се шансите пратениците да ги искористат последните два дена за да донесат дел од заостанатите законски решенија пред да престане работата на Собранието поради изборната кампања.

Од СДСМ велат дека опозицијата е деструктивна и блокира битни закони, како оној за недела неработен ден. Сметаат дека не е време во парламентот да се формира анкетна комисија или да се дискутира за одговорност за трагедијата во Тетово, како што бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека СДСМ и ДУИ си ја префрлаат одговорноста, а отворените прашања околу модуларните болници траба да се одговарат во Собранието. Ги отфрлаат обвинувањата за блокада во парламентот.

Синдикатите пак, ги повикуваат пратениците да се пробројат и да го донесат законот за недела неработен ден за работниците. Обвенуваат за политичко калкулантво на партиите.

„Работниците кои поради пратениците и нивните политички пресметки ќе работат по 1 октомври во недела, а за кои треба недела да биде неработен ден, како и малиот број работници кои се во исклучоците и кои ќе работат во недела, а за тоа нема да бидат соодветно платени, на денот на изборите кој е во недела ќе памтат дека поради политичко калкулантство се на работа, па така на 17 октомври наместо на избори ќе бидат на своите работни места.“, коментираат од ССМ.

По годишните одмори, во Собранието редовни пленарни седници речиси и да не се закажуваат, додека пак, комисиските расправи се одвиваат тешко.