Фудбал
21. January 2017 - 17:27

Нема титула, Свонси го сруши сонот на Ливерпул?!

Екипата на Свонси приреди вистинска сензација во Ливрпул каде го совлада големиот фаворит со 3-2 и му го расипа сонот за прва титула од формирањето на Премиер лигата. 

По слабото прво полувреме гостите на почетокот на вториот дел набрзина преку Шпанецот Љоренте  нанижаа водство од 2-0 кое Ливерпул сепак успеа да го анулира и израмни на 2-2, стрелец на двата гола Фирмино. 
 И кога се очекуваше уште пожестока офанзива на домаќинот за целосен пресврт Сигурдсон ја „стиша“ домашната публика со нов гол за гостите и 5-та победа за Свонси оваа сезона додека Ливерпул го доживеа првиот пораз на домашен терен по 11 победи и 6 нерешени дуели.