Нема простор за паника - храна има доволно
Државните инспектори на терен – проверуваат дали инситуциите ги почитуваат владините препораки за спречување на корона вирусот. Од контролите во изминативе 2 дена констатирале дека 18 автобуси не ги дезинфицирале своите превозните средства, 17 угостителски објекти кои работеле и покрај препораките, веќе се затворени. Базените , игтотеките, фитнес центрите во целост ги почитувале мерките , меѓународнуот линиски превоз е прекинат,, додека останатиот е редуциран. Од над 260 контроли во инспекторатот за труд, донеле укажувања за 12 работатавачи
Инспекторите провериле и 80 маекети и аптеките. Констатирале дека нема зголемување на цените, а поксапените маски и средства за дезинфекција се должат на повисоките набавни цени.
Инспекцискиот совет апелира до граѓаните – за да се заштити здравјето – да се почитуваат препораките. Лицата кои сакаат да пријават нерегуларности, да се јават на телефонскиот број 02 3220 547
Натша Мерсовска
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар