Македонија
4. November 2015 - 16:24

Нема преврат и власт преку ноќ – ДУИ одбива коалиција со СДСМ

Според информации добиени по неформален пат преговорите сепак напредуваат, и можно е во догледно време да се постигне договор за клучните спорни прашања кои се случија откако СДСМ се обиде да ги минира преговорите со дополнителни барања.

Намерите на СДСМ како и сороидните медиуми да ги урнат преговориоте со постојано нови барања и извртувања и манипулирања со ставовите на Европската унија, односно преговарачите за да се креваат  тензии кои ке доведат до прекин на преговорите.

Последниот обид за тензии и манипулации  е изјавата на евркомесарот Хан. Имено, Хан изјавува дека мора да се чува и гради слободата на новинарството и да запрат закани и протисоци врз медиумите и новинарите, притоа не посочувајќи го изворот на притисоци, насилства и закани. Порталите на СДСМ и фондацијата Сорос на изјавата веднаш и додаоа партиски предзнак тврдејќи дека Хан во изјаваѕта навел дека притосоците и закните ги врши владата, што е манипулција која во основа ја менува суштината на она што го рекол Хан.

Вистината е дека притисоци, најмногу тужби против новинари и редакции има поднесено токму СДСМ и соработниците на фондацијата Сорос.

Единствено СДСМ држи митинзи со закани пред редакции на медиуми, од говорница и прес конференции новинари и медиуми кои не се под нивна контрола навредува, им се заканува и  наложува каква уредувачка политика и извештаи од настани треба да имаат.

Дури и на јавните настани како митизи и собири, па и прес конференции, функционери и активисти на СДСМ и Фондацијата Сорос се закануваат, напаѓаат и наведуваат новинари и редакции кои не се под нивна контрола, и тоа јавноста го гледа со години. Како што со години СДСМ и Фондацијата Сорос плаќаат веб портали чија основа задача е објавување шпекулации и монтажи со кои се нанесува непосредна навреда, клевета и нарушување на угелдот на новинари и редакции кои не се под контрола на СДСМ и фондацијата Сорос.

Физички се напаѓани новинари и редакции од страна на активисти на СДСМ и Сорос, и тоа десетина случаи само во оваа 2015 година. Така што барањето на Хан за менување на односот кон медиумите и новинарите пред се се однесува на СДСМ и Соросидите.

А токму СДСМ и Соросидите, неможејќи постојано и секогаш да наметнат нови услови во преговорте заговараат формирање ново парламентарно мнозинство, така што ДУИ и ДПА би коалицирале со СДСМ и создале нова влада, и да ги поништат резултатите од изборите. Оваа опција, освен што е тешко остварлива, е и ризична за етничката стабилност и овозможува сериозна криза меѓу етничките заедници, како и меѓу самите Македонци кои би доживеале преку ноќ партија која нема поддршка - како СДСМ да стане власт, и да се поништи вољата на речиси 500.000 гласачи кои гласале за ВМРО ДПМНЕ а Македонците да ја платат цената со нови отстапки кои треба да се направат во полза на ДУИ и ДПА што е најава за етнички тензии.

Освен ова, со ваквиот развој на настаните, меѓуанродната заедница на подолг период го губи партнерството и поддршката од ВМРО ДПМНЕ, а без нив не се можни евроатланските проекти.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, уште еднаш ја отфрли оваа можност со неговата изјава дека ДУИ не е подготвена за менување власт преку ноќ - во коалиција со СДСМ

По ова останува СДСМ сепак да се врати на содржината на договрот од Пржино, да се откаже од дополнителните барања, и да се подготвува за избори на 24 април догодина.