Македонија
30. January 2020 - 17:33

Нема пожар, само симулациска вежба во средното училиште „Јосип Броз Тито“

Иако, граѓаните се вознемирија, нема потреба од паника. Нема никаков пожар, иако се слушнаа сирените на противпожарните возила.
 
-Учениците од средното училиште „Јосип Броз Тито“ денеска имаа симулациска вежба за спасување од пожар, според програмата за 2020 година. Нема никаков пожар- објасни Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.