Македонија
4. September 2020 - 14:28

Нема повредени во автобусот кој се запали на автопатот Штип-Миладиновци - во него бил само возачот

Нема повредени во автобустот, кој се запали на автопатот Штип –  Миладиновци, кај Крушица, во близна на Свети Николе.

Според последните информации од терен автобусот се запалил во движење и е во сопственост на штипската компанија Кит го. Во автобусот бил само возачот.

Тој само почнал да го гаси автобусот, по што пристигнал тим на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе.

Според информациите од теренот, автобусот е речиси изгаснат.

 

Марјан Николовски