Македонија
14. јуни 2017 - 14:38

Нема крај - следи нов пресврт со времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло со мала облачност, доцна попладне и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.