Балкан
9. February 2020 - 11:17

Нема коронавирус ни третата сомнителна пациентка во Загреб

Жената која синоќа беше примена на Клиниката за инфективни болести во Загреб нема коронавирус, соопшти утринава дежурната лекарка Даворка Лукас, пренесоа хрватските медиуми.

-Нејзиниот наод е негативен, рече докторката за Хина, откако биле спроведени дијагностика и обработени брисевите кои требало да го отстранат сомневањето за инфекција со коронавирус.

Дежурната докторка уште кажа дека 42-годишната жена, која кратко престојувала во Кина, се наоѓа во добра општа состојба, дека има само поблаги симптоми, зголемена температура и кашла.

Сопругот на пациентката, со кого пред четири дена се вратиле од Кина, претходно веќе бил тестиран, а и неговиот наод бил негативен.

На Клиниката на инфетиктивни болести вчера беа примени уште две машки лица, но и кај двајцата било утврдено дека не се заразени со коронавирус.

Во Хрватска досега не е регистриран ниту еден случај на заболен од короновируска инфекција.