Бизнис
14. October 2021 - 19:45

Нема гаранции дека цената на струјата и во Македонија нема да поскапи

Да не се дига паника. Не се знае колку ќе чини струјата по Нова година, но цената нема да биде двојно повисока од сега, уверува претседателот на Рењгулаторна.  Државата ќе ги преземе сите мерки за заштита на домаќинствата. Ќе биде набавен јаглен од Косово за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, ако треба ќе биде пуштен во употреба и ТЕЦ Неготино.

Државата ќе преземе мерки и за заштита на домаќинствата, но во моментов никој не може да превиди какви мерки ќе бидат потребни затоа што не се знае ни колку ќе не чини струјата.

Една од препораките на ЕК за излез од енергетската криза е поголемо вложување во обновливи извори на енергија. Во земјава тоа се прави со помош на УСАИД. Два  тендери с еуспешно завршени, а третиот е во завршна фаза.

Со помош на прокетот на УСАИД земјава во претдхониве четири години ги направи клучните реформи во енергетскиот сектор преку носењето на новиот закон за енергетика. Главната цел на овој прокет е усогласување на македонското законодатство во европската регулатива.