-->
-->
Нема да чекаме долго – доаѓа првиот снег во Скопје
-->
Зима без многу снег и ниски температури најавуваат долгорочните прогнози на метеоролозите. Иако не треба да се земаат здраво за готово, сепак, како ориентација, на првиот снег ќе чекаме до средината на ноември. Тоа нема да бидат некои обилни врнежи, ниту пак се очекува снегот да се задржи на земјата.
Негативни температури нема да видиме до првата недела на ноември. Тогаш утринските се очекува да се спуштат неколку степени во минус, додека дневните се уште ќе бидат релативно високи за овој период од годината.
Без многу снег се очекува да помине и декември, а температурите повторно ќе бидат во позитива, што би се рекло, не чека, блага зима.
Сепак, уште еднаш ќе напоменеме дека долгорочните прогнози се користат само како ориентација и врз основа на нив, не може да се прават некои планови, кога станува збор за временските услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители