Македонија
16. December 2019 - 13:40

Нелоски: Дали СДСМ троши 176 илјади евра за два дена за реклами и дали се работи за рекетирани или народни пари

Лицемерието на СДСМ нема крај и се свесни дека паѓаат. Затоа лажните податоци, лажните вести ги лиферуваат преку скапи реклами во јавноста, за да трошат илјадници евра. Воедно ќе потсетам дека додека беа во опозиција беа против рекламирањето, а денес преку партиска сметка ги фалат лажните успеси на владата во заминување.

Фрлаат илјадници евра за да граѓаните ги трујат со измислени успеси и да се наметнат неуспесите на Заев и СДСМ како успеси.

Главното прашање е: Колку чини целиот трошок за рекламирање на Заев и СДСМ кој ги исплаќаат медиумите и чии пари трошат за рекламирање?

Според некои анализи на добро упатени експерти, според пазарната вредност на рекламите, Зоран Заев и СДСМ, за својата пропаганда да ги разубедат граѓаните дека не одиме во провалија, на само 5 национални телевизии, конкретно за  10 и 11 декември има потрошено по 88.000 евра дневно или за двата дена вкупно 176.000 евра.

Оваа сума е според ценовникот пријавен во единствената официјална агенција која ги мери рејтинзите.

Значи за два дена 176 илјади евра, за реклами кои содржат лажни вести за фалење на владата во заминување.

Вистинското прашање е од каде се овие пари, СДСМ е должен да одговори дали тие ги трошат народните пари дадени од државното финансирање или се работи за рекетирани црни пари.

Дали СДСМ навистина троши 176 илјади евра за два дена или има обезбедено попуст на овие стандардни цени за реклами, а  ако има попуст да одговори на кој начин истиот е обезбеден.

Ќе нагласам дека медиумите воопшто не се виновни, туку овие прашања се до СДСМ.

Залудни се сите обиди на Заев и СДСМ да се исперат од сите штети што ги направија на Македонија и граѓаните.

Ниту една скапа кампања, ниту една реклама нема да им ја промени ситуацијата на граѓаните, кои живеат од ден за ден и крпат крај со крај.

Тоа јасно се гледа и на анкетите кои што ги има и Зоран Заев и оттаму му е и оваа паника. Времето на транзициони политичари завршува.  Политичарите  како Зоран Заев, Шеќеринска ќе заминат во историјата бидејќи доаѓа Обнова на Македонија.

Изјава за медиуми на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ