Балкан
18. December 2019 - 21:29

Неколку турски авиони го повредија грчкиот воздушен простор

Неколку турски воени авиони Ф-16 денеска го повредија грчкиот воздушен простор и повеќепати прелетаа над грчки острови во период од 25 минути, соопшти Генералштабот на националната одбрана на Грција.

Два авиони навлегле во грчкиот воздушен простор без поднесување план на летот и четирипати прелетале над островот Панагиа, на височина од 2.000 до 7.000 метри, и седум пати над островот Инусес.

Прелетите се извршени брзо, меѓу 13.35 и 13.50 часот.