Неколку совети за помали сметки за струја

Со промена на навиките во домаќинството можете да ги намалите сметките за струја, а меѓу најголемите потрошувачи во домаќинството се клима уредот, термо печките, ререните, машините за перење и за миење садови.
1. Планирајте
Кога можете оброците гответе ги на големо, за два-три дена. Не е иста потрошувачката ако го вклучувате шпоретот секој ден или еднаш до два пати неделно
2. Исклучете ги апаратите
Не ги оставјте уредите на стенд бај, туку исклучете ги. Околу 6 отсто од струјата во домаќинството оди на уреди во стенд бај функција
3. Пазете на температурата
Внимавајте вратата на фрижидерот да не е долго отворена, бидејќи многу топлина ќе влезе внатре, а за да ја врати претходната температура, на фрижидерот ќе му треба дополнителна струја
4. Фрижидерот држете го на ладно
Ставете го фрижидерот на најладното место во домот
5. Машината за перење приклучете ја на топла вода
Ако е можно, машината за перење приклушете ја на топла вода, а не ладна, бидејќи најмногу струја се троши на затоплување на водата
6. Внимавајте на големината на садовите
Големината на садовите прилагодете ја на количината на храната која ја готвите
7. Исклучете ги компјутерите
Кога компјутерот не работи задолжително исклучете го. Ако мора да биде вклучен тогаш исклучете го мониторот8.Не ги оставајте полначите во струјаНекои полначи за мобилни, апарати, компјутери продолжуваат да трошат струја и откако ќе ги одвоите од уредите кои ги полнеле9.Пократко туширајте сеВремето на туширање скратете го под пет минути и избегнувајте го капењето во када10.Заменете ги обичните со штедливи сијалици.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
