Балкан
26. November 2021 - 13:36

Неколку повредени патници откако автобус се превртел на патот за Белград

Утрово после 10 часот се случила сообраќајна несреќа на патот кај приградската населба Умка, во правец кон Белград, пренесуваат српските медиуми.

Како што може да се забележи на фотографиите на репортерот на „Новости“ од местото на настанот, се превртел автобус на јавниот превоз.

Според првичните информации од српската полиција, во несреќата се повредени неколку лица.

Создадени се колони од автомобили во двата правца, а сообраќајот е во застој.