Нека не ве лаже топлото време: УХМР од вечерва најавува големо заладување
Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат на запад (локално и над 30 литри на м2). Ќе дува засилен југозападен ветер. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја.
Во Скопје дневната температура ќе достигне во 12 Целзиусови степени, Крива Паланка 9, Кавадарци 15, Маврово 5, Берово 8, Охрид 11, Битола 15, Гевгелија 16...
Утре времето ќе биде сончево, студено и ветровито со мала до умерена облачност и температури од 1 до 8 степени.
Во петок и сабота ќе има пораст на дневните температури (од 4 до 12), времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во сабота попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во западните делови.
Ново на Сител
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег.