Живот
24. јуни 2018 - 20:07

Нека им е со среќа: Филип Талески „рипна во тавче“!

Филип Талески, ракометниот репрезентативец на Македонија денеска го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.
 
Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.
Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше денеска на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.
 
Нека им е со среќа!
 
извор: skopje24.mk