Нејзиното тело го обожуваат сите мажи, а само нему роденденот му го честиташе топлес

- Среќен роденден љубов моја Џереми. Така ме усреќуваш и денеска е твој ден, напиша актерката, модел и телевизиска водителка, Кели Брук која ја обожуваат мажите ширум светот. Англичанката на својот избраник, Џереми Парисиј роденденот му го честиташе на грчкиот остров Миконос во топлес издание.
- Блазе си му. Вистински среќник. Многу сум љубоморен, коментираа нејзините обожаватели додавајќи дека тој го има најдобриот поклон.
А тоа всушност е неговата убава девојка за која мечтаат мажите и која многу пати досега е прогласена за најубава и најзгодна на планетата.
Кели и Џереми се во врска од 2015. година, а водителката неодамна се обиде да го запроси.
- Го прашав дали сака да ме ожени, а тој само рече да бидам тивка зашто луѓе има насекаде околу нас, раскажуваше таа, но не откри дали клекнала кога го прашувала.

Кели неодамна изјави дека двајцата не го сфатиле тој момент сериозно и оти се уште не размислуваат за венчавка.
Во неодамнешно интервју изјавила дека е посреќна отколку претходно со својот изглед и дека ниту малку не се грижи ако има вишок килограми.
- Денеска сум посигурна во својот изглед отколку кога бев помлада. Сега веќе не се оптеретувам со своите мани. Веќе не се заморувам со килограмите, ниту сакам да бидам слаба, важно ми е да сум здрава и фит, рече Кели.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
