Македонија
6. July 2018 - 8:13

Нејзините лековити мошти почиваат на Сицилија, денеска се празнува оваа света маченичка

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јуни.

Денеска е Св. маченичка Агрипина.

Света Агрипина потекнуваше од Рим. Таму беше пораснала и уште многу млада целосно му се посвети на служење на Бога. Како христијанка беше мачена и пострада за време на владеењето на Валеријан (253-260). По нејзината смрт три жени, некои христијанки Васа, Павла и Агатоникија го зедоа телото на маченичката и го однесоа на Сицилија, каде Бог даде преку моштите на света Агрипина да добијат исцелување многу луѓе што им приоѓаа со вера во нејзиниот небесен младоженец Христос.