Живот
27. January 2018 - 14:51

Нејзиниот потег предизвика бура на Фејсбук: Оваа жена и дава џепарлак на ќерката од 7 долари, нема да верувате што и бара за возврат

Американката Есенс Еванс покрена голема полемика со објавата на Фејсбук во која открива на кој начин ја подготвува својата петгодишна ќерка за натамошниот живот.

Имено, таа на својата ќерка секоја недела и дава џепарлак од 7 долари. Но она што предизвика полемика е фактот дека таа од тој износ и наплатува пет долари за станарина и сметки.

-Оваа стратегија не само што го подготвува вашето дете за вистинскиот живот, туку, кога ќе откријат колку се сметките, ќе ценат што сте им дале толкав попуст, напиша Есенс во својата објава која предизвика лавина коментари, некои позитивни, некои негативни.

„Остави го детето да биде дете и да ужива во детството пред да почне да се грижи за сметките“, беше еден од коментарите.