Фудбал
10. November 2017 - 10:59

Нејмар се враќа во Барса?!

Само неколку месеци откако замина од каталонската престолнина во Париз, бразилскиот ас како да се покаја и бара прошка од некогашните соиграчи за да се врати назад во Барселона која оваа сезона игра како препородена без него.  Интересно е што Нејмар по заминувањето влезе во спор со Барселона за сума од 26 милиони евра за лојалност и речиси сам ја плати откупната клаузула од 222 милиони.  Според медиумите Нејмар разговарл за опцијата кам-бек со Меси, Сузарез и Пике за да го испита теренот бидејќи се шпекулира дека кавгата со Кавани остава голема трага врз него. 

Сепак на теренот како да нема незадоволство. ПСЖ е веќе во следната фаза од ЛШ а Нејмар на 12 средби има 11 голови и 9 асистенции.