Неизвесно кога ќе продолжат сириските мировни преговори
Пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура синоќа во Њујорк изјави дека засега е неизвесно кога ќе се одржи следниот круг од мировните преговори за решавање на сирискиот конфликт, кои се водат под покровителство на Светската организација.
- Нема смисла да преговараме, кога нема гаранции за напредок, изјави Мистура пред Советот за безбедност на ОН.
Последниот круг миорвни преговори меѓу сириските власти и умерените бунтовнички групи пропадна кон крајот на април, кога владините сили, поддржани од руското Воено воздухопловство, започнаа офанзива во реоните под контрола на бунтовниците во провинцијата Алепо.
На прес-конференција по седницата на Советот за безбедност, Мистура нагласи дека се уште не одредил датум за новата рунда мировни преговори, која според планот требаше да се одржи во јули.
- Мој цел останува тоа да се случи во текот на јули, но не по секоја цена и не без одредени гаранции. Кога организирате конференција или преговори сакате да бидете сигурни дека тие имаат добри шанси за успех, потенцира Мастура.
Тој доддаде ако некој сака да се одржат преговори само за да се каже дека тие се одржале, тој би можел да ги закажа „уште утре“.
Од друга страна постојаниот британски амбасадор во ОН, Метју Рајкрофт по седницата на Советот за безбедност, порача дека засега нема услови за одржување нов круг преговори за политичко решавање на конфликтот во Сирија.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри