Неговата сопруга починала - Две години подоцна, полицијата му вратила нешто незамисливо!
Ова е приказна за љубовта, загубата и неверојатната судбина. Само неколку дена пред свадбата на Дејв и Ерика Ласеј, на Ерика ѝ бил дијагностициран редок и агресивен облик на лимфом. Починала во 2010, на 30-годишна возраст.
Дејв останал скршен вдовец, а најдраг спомен му биле фотографиите во камерата на Ерика.
Но, провалници во 2012 година ја ограбиле неговата куќа во Санта Ана (Калифорнија). Вредни предмети му биле украдени, но најмногу го погодило исчезнувањето на камерата на Ерика.
-Едноставно не ми се чинеше фер. По сe што поминавме заедно, уште и кога останав без камерата се чувствував како некој да ме мавнал во стомак, изјавил Дејв за Си-Ен-Ен.
Исчезнале повеќе од 300 непроценливи фотографии од Ерика и нивниот заеднички живот. Во камерата се наоѓале и фотографии од нејзиниот погреб.
По една година се случило неповрзано провалување и детективите пронашле 20 сметки за предмети кои се продадени во локална заложна куќа, од кои една била за камерата. Откако полицијата ја посети заложната куќа, камерата беше пронајдена.
Колку што повеќе ги гледале фотографиите, толку им било појасно на полицајците дека таа камера веројатно има специјално значење.
Но, полицијата немаше никакви имиња со чија помош би можела камерата да се врати кај сопственикот. За среќа, препознале одреден кафеав ѕид и познато дрво на некои фотографии. Кога отишле во тој дел од градот, го препознале Дејв.
Тој во меѓувреме се откажал од потрагата по камерата и прво помислил дека станува збор за шега. Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци