Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
Портретот на госпоѓица Лизер“, сликан но недовршен од австрискиот сликар Густав Климт, вчера е продаден на наддавање во Виена, за 30 милиони евра.
Климт не го завршил своето дело бидејќи починал. Само една година пред неговата смрт во 1918 година, богатиот еврејски индустријалец Адолф Лизер го нарачал овој портрет. Долго време се мислеше дека ова дело е изгубено, но всушност со десетлетија било изложено во приватна вила во близина на Виена, објави порталот „Еуроњуз Србија“..
Долго време се разговарало и за тоа која е всушност жената на сликата и што се случило со сликата за време на нацистичкиот период, па мислењата и претпоставките посочуваат дека таа е една од ќерките на Адолф или неговиот брат Јустус Лизер.
Во јануари годинава, аукциската куќа „Им Кински“ го изложи „Портретот на госпоѓица Лизер“ со проценета вредност од 30 до 50 милиони евра.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени