Македонија
20. March 2023 - 12:20

Недостигаат работници во угостителството и градежништвото

Туризмот и угостителствтото, заедно со градежништвото, се соочуваат со недостаток на работна сила. Младите преферираат да заминат на работа во високо туристичките места во Хрватска, Словенија и останатите западно европски земји, каде трудот многу повеќе им се валоризира. Тоа пак, продуцира овие сектори во Македонија, од година во година да бидат во се понезавидна положба. 

Проблемот е што многу се иселуваат, наталитетот опаѓа, а уште покритична е состојбата во руралните подрачја. Не зборувам за градовите, туку за местата каде младите ги нема, изјави Димитар Смиљановски, Македонска развојна фондација за претпријатија. 

Истражувањата на Македонската развојна фондација за претпријатија покажале дека, оние кои остануваат повеќе се заинтересирани за отпочнување сопствен бизнис, а помалку за работа во јавна администрација или да бидат вработени како ниско квалификувана работна рака во реалниот сектор.

„Сметам дека новите генерации коишто доаѓаат се по претприемачки настроени, бараат начини за да развијат сопствени бизниси, за разлика од некои претходни генерации каде што сме чекале друг вид на вработување, јавна работа и слично“, додаде Смиљановски.

Преку мерката за самовработување, минатата година во Штип беа потпишани договори со 32 невработени лица, од кои 10 на возраст до 29 години. Недостатокот од работна рака, Владата планира да го надомести со прекваклификација и доквалификација на домашниот потенцијал и со увоз на работници од странство.