Македонија
14. July 2020 - 16:49

Неделна анализа за состојбата со Ковид-19, благ пад на вирулентноста на вирусот

Расте бројот на оздравени а се намалува на починати од Ковид 19. Институтот за јавно здравје објави дека изминатите седум дека 1017те граѓани кои добиле два негативни теста е за 40 проценти повеќе од претходно анализираната недела. Од 1073 новодијагностицирани овој период, повеќе од половината не знаеле како се заразиле а 22ца имале патувања во странство.

Од 6ти до 12ти јули биле евидентирани 36 смртни случаи а кај 29 од нив биле утврдени коморбидитети.

Надлежните велат дека е намален и бројот на хоспитализирани, односно, 350 лица се на болничко лекување поради компликации од корона вирусот. И додека ГОБ 8ми септември изминатиот период имаше и по дваесетина приеми, денеска само четворица пациенти завршиле во ковид центарот а на домашно лекување пуштиле 14.

Во меѓувреме, од почетокот на пандемијата досега статистиката покажува дека од вкупно 8048 заразени, само 28,8 проценти биле асимптоматски а 29,9 имале претходни заболувања.

Анализирајќи ја состојбата по градови, Штип е со највисока стапка на заразени а Струга со најголем морталитет.

Просечната возраст на дијагностицираните е 44,5 години, додека пак смртноста во државата е 4,7 проценти од вкупниот број на заразени.

Со корона вирусот досега се заразиле и 77 трудници од кои 19 биле хоспитализирани.

Ковид 19 не ги поштеди и здравствените работници и досега  606 медицински лица имале позитивен тест а двајца ја изгубија битката. 

Во статистиката на ИЈЗ е наведено дека во однос на симптомите кај заболените најчесто се регистрирани температура, кашлица, малаксаност, треска, главоболка и отежнато дишење.