Македонија
10. April 2018 - 11:56

Неделава топло со температури до 28 степени

Топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува во следните денови во поголем дел од Македонија. Услови за изолирана појава на краткокраен дожд ќе има само во западните делови од државата. 

Максималните температури ќе достигнат до 28 степени во петок. 

Поголемо наоблачување со локален дожд се очекува за време на викендот и во почетокот на следната недела.