Тенис
31. October 2015 - 18:58

Недела 14ч: Федерер против Надал

Љубителите на тенисот чекаа и дочекаа нов ол-раунд меч помеѓу големите ѕвезди на светскиот тенис Федерер и Надал. Средбата во финалето на турнирот во Базел е закажана за в недела во 14 часот. 

Федерер лесно во полуфиналето со  2-0 (6-3, 6-4) славеше над Џек Сок за да се сретне со  Рафаел Надал кој во полуфиналната фаза исто така со 2-0 (6-4, 7-6) славеше над  Ришар Гаске. Ова ќе биде прво „ел класико“ меѓу Роџер и Рафа по две години. Последен пат двајцата тенисери играа на стартот на 2014 година, односно пред 21 месец, на грен-слемот Австралијан опен каде победник беше Надал (7-6 (4), 6-3, 6-3).
 
Финалето меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал се игра утре од 14 часот.